Имаме потврда од Бугарија, која претходно разговараше со хрватскиот министер за можноста за приклучување кон овој трипартитен договор“, изјави косовскиот министер за одбрана Ејуп Маќедонци за ТРТ Балкан.
Маќедонци тврдат дека Бугарија е подготвена да се приклучи на воениот договор што неодамна го потпишаа Албанија, Косово и Хрватска.
Маќедонци рече и дека очекува кон овој договор да се приклучат и други земји од регионот.
„Имаме потврда од Бугарија, која претходно разговараше со хрватскиот министер за можноста за приклучување кон овој трилатерален договор, но јас целосно верувам дека и другите земји од регионот, особено оние кои споделуваат заеднички вредности со нас и, се разбира, заеднички интереси – бидејќи вредностите сами по себе не се доволни – ќе се приклучат и на овој договор, поточно на оваа декларација, изјави Маќедонци.
На 18-ти март во Тирана беше потпишан трилатерален меморандум во областа на одбраната меѓу министерствата за одбрана на Албанија, Косово и Хрватска.