Косовскиот министер за одбрана Арменд Мехај најави дека Косово продолжува со развојот и усовршувањето на војската на Косово, наведувајќи дека армијата има капацитет да го зачува „суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово“.
Мехај на Фејсбук објави видео во кое може да се видат нови борбени возила, опери, припадници на војската на Косово за време на вежби.
„Косовската армија со модерни борбени способности за заштита на територијалниот интегритет и државниот суверенитет на нашата земја. Продолжуваме да ги развиваме и усовршуваме нашите сили според највисоките стандарди на силите на членките на НАТО и земјите партнери за ефективно учество во меѓународните мировни операции во интеракција и со сојузничките сили што ги предводат САД. Должноста, честа и татковината пред се!“, напиша Мехај.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.