Косовски иселеник подигна биста на премиерот Курти во своето село кај Подујево






реклама

Биста на актуелниот косовски премиер, Албин Курти е откриена денеска во селото Перане, во општина Подујево, во североисточно Косово.
Нарачател и финансиер на бистата е косовскиот иселеник Сабахудин Ука, кој живее и работи во Шпанија, а бистата на Курти, во природна големина, на чиј постамент пишува „Албин Курти – последна надеж“, ја постави на влезот во дворот на неговата куќа во родното село.
реклама
При денешната инаугурација на споменикот на косовскиот премиер беше организирана и пригодна свеченост, на која присуствуваа жители на селото, кои, како што јавија медиумите, поведоа и оро околу бистата.
Ука, познат во селото со прекарот „Пољак“, изјави за медиумите дека бистата не ја сработил сам, туку ангажирал професионални скулптори, а целата инвестиција го чинела околу 50 илјади евра. 
реклама

Извор








Пронајдете не на следниве мрежи: