Синоќа во Клик Плус на ТВ21 соговорник беше претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски.
Зборувавме на актуелни теми како што се седницата на Уставен за Законот за јазици, за балансерот, за изјавите и „стражата на јазикот“ на ДУИ.
„ДУИ искажаа многу лаги кои се опасни по јавноста, и затоа нема да ги коментирам“, рече Костадиновски.
Костадиновски ги нарече „непримерни“ изјавите на премиерот Христијан Мицкоски околу тоа кој ги бирал судиите.
„Непримерна е изјавата на Мицкоски кога кажа кој ги бира судиите, и сега тој што ги бирал можел да има влијание“, рече Костадиновски.
„Не е точно дека вчера ништо не се случи“, рече Костадиновски синоќа и кажа дека Уставен донел одлука за подготвителна седница во која ќе учествуваат сите експерти.
Костадиновски порача дека политичарите мора да ги тргнат рацете од судството, и рече дека судиите се изложени на закани. Исто така зборуваше дека не се точни наодите дека балансерот бил укинат, и дека правичната застапеност е во Уставот, кој Уставниот суд не може да го менува.