Костадинов: Апелирам да се тргне инаетот на Владата кон Струмица – Очекуваме средства од унгарскиот кредит за 13 проекти со кои аплициравме!

За првиот повик немаме добиено ни одговор, дали сме прифатени или одбиени за аплицираните средства, за вториот повторно аплицираме со 13 проекти, истакна во гостување во ТВ Алсат градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

– Жалам што ние немаме одговор ниту за првиот повик, дали сме одбиени или не сме, но од оваа временска дистанца, морам да заклучам дека од 2024 година од ветените проекти има реализација нула. Јавно прашувам дали некоја општина има реализирано еден цент?

За вториот повик, бев прозван од премиерот дека не сме аплицирале. Жалам што министерот не го информирал премиерот дека аплициравме со 13 проекти. Имаме сервисни улици, улици, социјалната населба како втор најголем проект по електричниот јавен превоз. Во социјалната населба ние како општина имаме завршено канализација, улица, постаменти за куќите, како општина сме завршиле две фази. Сме изработиле проекти за куќите и сме издале како Општина 26 одобренија, за изградба на тие 26 куќи аплицираме во вториот повик од унгарскиот кредит, истакна Костадинов.

Костадинов нагласи и дека државата се уште го нема исплатено повратот на ДДВ и смета дека Владата води инает со Струмица затоа што градоначалникот е од СДСМ.

– Апелирам да се тргне инаетот, доаѓаат времиња некој од ВМРО-ДПМНЕ да застане пред струмичани, што ќе им каже? Тие ги ставаат во подредена положба и членовите на ВМРО-ДПМНЕ, вели Костадинов.

Пронајдете не на следниве мрежи: