сабота, 28 ноември 2026
Најново

Костадинов: Време е за суштинска, а не декларативна консолидација на СДСМ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Поранешниот градоначалник на Струмица од СДСМ, Костадин Костадинов денеска во објава на Фејсбук побара одговорност од актуелното раководство на партијата.
– По 20 години, во општината која беше пример и бисер за прогрес, СДСМ ќе биде опозиција. Уште еднаш сакам да честитам на резултатот и за градоначалничкиот мандат, и за мнозинството во Советот на Општината. Тоа е гласот на струмичанки и струмичани, избор што произлегува од политичката понуда создадена од одлуките на раководството на СДСМ. Од резултатите на Државната изборна комисија е јасно дека изборното цунами се разлеа низ речиси сите општини во државата. Ова не е обичен пораз, туку тешка брука и срам политички, но и морален. Состојбата во која е запален црвен аларм не е доволен сигнал за раководството на, до вчера, најголемата опозициска партија. Ова е сигнал за политичко заминување на поголем број членови од раководството, стои во објавата.
Посочува дека СДСМ не е трката за градоначалник на Скопје и дека е потребна реформа и консолидација во редовите на СДСМ.
– Немојте да зборувате дека сте среќни со резултатот. Поголем пораз од ова нема. Час поскоро, секој кој носел одлуки треба да се погледне во огледало и да признае дека не го бива. И да си оди. Тоа е доблест, чекор со кој ќе се овозможи вистинските луѓе да се интегрираат во партијата и искрено да почнат со работа. Веднаш, уште денес. Mора да се седне на маса. За консолидација, но суштинска, а не декларативна на прес конференции. Вистинска, лице в лице. Повикувам, со ладни глави, кон реформа, реконструкција, ремонт и ребрендирање, кои можат да ја излечат СДСМ, вели Костадинов.

Поврзани вести