Костадинов објави: Можно е да се кандидирам како независен кандидат за градоначалник, но одлуката не е конечна

Можно е да се кандидирам како независен кандидат за градоначалник, но оваа одлука не е конечна, објави на Фејсбук струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов откако вчера СДСМ реши за кандидат за градоначалник на Струмица да го предложи Марјан Даскаловски. Почитувани пријатели,

секојдневно добивам стотици пораки, повици, разговори – со едно исто прашање:

„Дали ќе се кандидираш како независен кандидат за градоначалник?“

Мојот одговор е: Да, можно е, но оваа одлука не е конечна ова е мисла во зачеток.

Но ова не е одлука за слава, туку одговорност пред сите вас.

Затоа сега е време за многу трпение, мудрост и длабоко размислување.

Не сакам со ништо да им наштетам на моите другари –

на луѓето со кои го делев и доброто и тешкото.

Но не можам да молчам пред оваа енергија што ја чувствувам од граѓаните.

Веќе разговарам со многумина –

со народот на терен,

со граѓански здруженија,

со партии,

со чесни социјалдемократи и квалитетни луѓе кои тешко дека ќе се најдат на новите советнички советнички листи.

🔴 Да, сѐ е возможно.

Но потребно ми е време.

Одлуката ќе ја соопштам јавно,

за неколку недели – и таа ќе биде остра, конечна и целисходна.

Зашто кога одговараш пред народот –

мораш да бидеш подготвен не само да победиш,

туку и да ја носиш победата со чест.

До тогаш, продолжуваме со народот, со идејата, со Струмица.

Благодарам за големата доверба и барам максимално трпение од ваша страна. – напиша Костадинов.

Пронајдете не на следниве мрежи: