Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, на својот Фејсбук профил објави дека општината е рангирана на второто место според степенот на имплементација на системот за интегритет, според најновото истражување на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК).
„Струмица секогаш и секаде на врвот! Струмица со интегритет и без корупција!“ – напиша Костадинов на Фејсбук.
Во објавата тој нагласува дека системот за интегритет подразбира законито, независно, непристрасно, етичко, одговорно и транспарентно работење, кое ги отстранува сомнежите за корупција и ја зголемува довербата на граѓаните во институциите.
„Работата од срце и со многу љубов и труд носи одлични резултати. Продолжуваме уште повеќе и уште посилно во примерот за сите општини во државата,“ порача Костадинов.