Како што соопштија од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија пратеникот Костадин Костадинов е нов портпарол на партијата. Костадинов од 2013. до 2016. година бил советник во Советот на Општина Струмица, а од 2010. до 2018. година претседател на подмладокот на СДСМ во Струмица.
Во февруари 2017. година Костадинов ја презема функцијата вршител на должност градоначалник на општина Струмица, која ја извршуваше до ноември 2017. година, за истата година да стане пратеник во Собранието од СДСМ и коалицијата.