Костова: Време е да го кренеме гласот посилно!

По заканите упатени кон телевизија 1ТВ поради серијалот „Македонски инсајдер“, чиј почеток беше најавен за 15 јануари, па е презакажан за 17 фервруари, својот став на Фејсбук го изнесе уредничката и директорка на неделникот „Фокус“, и уредничка-соработник во 1ТВ, Јадранка Костова. Во статусот таа им порачува на “моќниците“ дека нема да ги замолчат и да ги попречат новинарите во извршувањето на нивната професионална должност.
-Она што беше мисијата на ФОКУС и на Никола Младенов, новинарска битка за Правда и жестока критика на Моќниците, кои за секоја критика одговараа со крими-алиби финтата „ма, рекетираат„, денеска се соочи и тимот на 1ТВ, каде што сум само соработник-уредник. Научени дека парата врти посилно од бургијата, дотичните продолжуваа со сите власти „среќно да си живеат“. Време е да го кренеме гласот посилно! Сега му е мајката!, напиша Јадранка Костова.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.