Костовски: Не можевме да ги донесеме измените на Кривичниот законик без пратениците на ДПМНЕ

Немаше да ги донесеме измените на Кривичниот законик без пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, тие направија кворум, вели во денешното гостување во Тешки муабети пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски.

– Не знам дали имало преговори, доколку имало јас не сум бил дел од нив, вели Костовски кој додаде дека неговата улога во носењето на измените на КЗ била единствеон поддршката при гласањето во Собранието.

Адвокат од Куманово нападнат во својата канцеларија
Адвокат од Куманово вчера пријавил во полиција дека физички бил нападнат во својата канцеларија од лице од Виница. – На 02.01.2025 година во 13.00 часот во СВР Куманово Н.К. од село Пелинце, Општина Старо Нагоричане …
Објавена листа на соработници на нацистите во Холандија
Холандските власти во рамки на проектот нарачен „Војната на суд“, објавија листа на околу 425.000 граѓани на Холандија осомничени дека соработувале со нацистите за време на окупацијата на земјата во Втората светска војна. Станува збор …

Како што рече Костовски, измените на Кривичниот законик се на барање на правната фела, бидејќи со години многу правници, меѓу кои и професори и адвокти барале измена на членот 353 од КЗ. Според Костовски најголема корист од измените на КЗ имаат актуелни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, не на СДСМ и смета дека обвинувањата дека измените на КЗ се донесени поради Никола Груевски се несериозни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.