Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, во објава на социјалната мрежа „Х“ ги пофали сите држави од Запасен Балкан и останати кандидати за членство во унијата за значителниот напредок на патот кон ЕУ, освен Македонија.
– „2025 година беше година на значаен напредок за проширувањето на ЕУ.
Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија се издвојуваат.
Тие најмногу напреднаа во реформите во изминатата година.
Нашите кандидати имаат амбициозни цели да ги завршат преговорите.
Претстојната година ќе биде момент на вистината.“ – напиша Кос на „Х“.



