Котлар: Ова што се прави во однос на македонската историја претставува најлоша форма на фашизам!

Професорката Наташа Котлар порачува дека ова што се прави со македонската историја е најлоша форма на фашизам.

“Преспанисти, Илиристи…! Ова што се прави во однос на македонската историја (читај и Македонија) од страна на двојните комисии за историски прашања (северно-бугарската и северно–грчката) претставува најлоша форма на фашизам! Овие комисии директно ја засегнуваат целокупната македонска академска историографија, бидејќи научните истражувања, пишувања и толкувања ги прави токму таа. Што значи, академска историографија создава научна продукција, која потоа се преточува како синтеза во учебниците. Тие треба да помогнат во процесот на стекнување на знаења на помладите генерации, а не на нивно стекнување перцепции или пак грижа за нечии непријатни чувства (Габер и др.). Психологијата како наука се занимава со перцепциите и со чувствата! Историјата се занимава со проучување на причините и на последиците за настани и процеси во конкретно време. Оттука, работата на комисистите севернисти и преспанисти е директен атак на 74-годишна научна продукција во Република Македонија! Ова пак ни се случува заради нашето недоволно познавање на нештата и на работата, како и заради површност и лукративност! Комисистите определувајќи се да ѝ се повинат на постојаната политичка, идеолошка или друга која и да е ненаучна кауза, ја губат научната легитимација на нивната работа. Накратко, попусто работа!“- напиша професорката Котлар.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.