Кофеински пунч за незаборавни предновогодишни викенди

Зачинете го вашиот нов омилен алкохолен пијалак
Потребни состојки:
4 јајца
2 супени лажици лимонов сок
1/8 кафена лажичка сол
120 милилитри слатка павлака
900 милилитри млеко
2 супени лажици инстант кафе во гранули
60 грама кафен шеќер
1/4 кафена лажички цимет во прав
Шлаг пена (за гарнир)
120 милилитри бурбон


Начин на подготовка:
Изматете ги првите четири состојки, околу 1-2 минути. Кога ќе добиете мека, но густа смеса, престанете.
Комбинирајте ги сите останати состојки со смесата со јајца (освен гарнирот) и ставете ги во блендер. Матете на ниска брзина сè додека не се разложат гранулите кафе. Ставете го пијалакот во фрижидер и оставете го да отстои неколку часа. Извадете го од фрижидер, сипете го во чаша за послужување и декорирајте со шлаг пената и прстофат цимет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.