Адвокатот Звонко Давидовиќ вечерва во „24 анализа“ рече дека доколку јавниот обвинител сакал верижна истрага, требало да ги гони и своите колеги од Кочани и вработените во МВР.
Според него, најголема надлежност за гонење на криминалот во Кочани имале токму тие две институции.
„Ако се однесува на верижноста, тогаш Коцевски требало да ја сработи работата и да докаже што довело до овој настан. Не може да не се зборува за се она што придонело до овој настан. Корупцијата е на највисоко ниво, урнисано е сè. Јавниот обвинител кажува за верижна одговорност во урнисан систем. Ако некој треба да го гони криминалот во еден град тоа е МВР и Обвинителство. Не гледам дека некој од Обвинителството е опфатен со оваа истрага. Кочани не е голем град. Кој друг е надлежен, кој друг гони криминал, ако не овие институции?. Обвинителите во Кочани не живеат на Марс, знаат што се случува“, рече Давидовиќ.



