Коцевски: Тројца осомничени се хоспитализирани, лекарите ќе кажат кога ќе може со нив да се изврши разговор

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски истакна дека истрагата за пожарот во Кочани ќе биде брза и ефикасна и најпрофесионално изведена.

Тој за телевизија Сител ги сподели и последните информации во однос на постапката.

Како што вели мерка краткотраен притвор досега е побарано за 16 лица.

„За разлика од вчерашниот ден кога имаше 14 лица, а во моментов има 16 лица со тоа што уште едно лице во моментов чека во зградата на Јавното обвинителство, по барање на ЈО од страна на судот да се определи мерка 48 часовен притовр. Со тоа што можам да кажам има уште три лица кои се хоспитализирани, меѓутоа по нив не може сега да се постапува имајќи предвид дека се во болница, со тоа што едното е надвор од државата, а другите две лица се тука во државата, кажа Коцевски, додавајќи дека кога медицинскиот персонал односно надлежните лекари дека ќе кажат дека ќе може со нив да се изврши разговор, тогаш јавниот обвинител ќе постапи“, вели Коцевски.

Пронајдете не на следниве мрежи: