Кочанчанка лажно тврдела дека е заразена со КОРОНА – доби кривична пријава од полицијата
И тоа има. Особа од Кочани лажно ширела информации по социјалните мрежи дека е заразена со КОРОНАВИРУС. Истовремено ги повикувала, со таа објава сите што биле во контакт со неа да се тестираат.
Полициските службеници го испитале случајот и поради основани сомненија дека е прекршен членот 206 од Кривичниот законик во врска со здравствените прописи за време на епидемија и поднеле соодветна пријава.
Таа претходно не била тестирана заради утврдување на присуство на коронавирусот, се истакнува во известувањето од Органот за внатрешни работи – Кочани. И не можела да знае некако дека има или нема КОРОНА…
ПРОЧИТАЈТЕ УШТЕ И:
СЛУШАЈТЕ СИ МУЗИКА ДОДЕКА ЧИТАТЕ ВЕСТИ: