Која доза на љубомора е во граници на нормалата?

Ви нудиме 7 експертски совети за тоа како полесно да се справите со љубомората во врската…
Сите луѓе во врска – дури и моделите на Викторија Сикрет, понекогаш се чувствуваат љубоморни. Ова чувство веројатно никогаш нема да ве ослободи, но можеме да ви помогнеме да научите како да се справите со неа, преку листа на ситуации во кои не постои простор за љубомора, како и листа на ситуации во кои имате потполно право да бидете љубоморни. 
1. Гледате како набљудува друга девојка
Природен инстинкт е момчето да погледне во друга девојка доколку таа добро изгледа (бидете искрени, и вие го правите истото), но тоа не значи дека тој сака да направи нешто со неа. Сепак, ако ова однесување оди во крајност, и тој во ваше присуство ја соблекува девојката со поглед, кажете му дека тоа ви пречи.
2. Неговата нова најдобра пријателка од работа изгледа како да е близначка на Жизел
Со оглед на тоа дека работата е место каде најчесто се развиваат афери, ова е потенцијално опасна ситуација. Пред да “одлепите”, прво разговарајте со него и признајте му дека се чувствувате малку несигурни, а потоа гледајте ја неговата реакција. Ако сочувствува со вас и ве смирува, тоа е веројатно знак дека нивниот однос е само платонски. Ако премногу се обидува да негира и да ве разубедува, тоа е лош знак.
3. Ви кажува дека ќе оди на пијачка со поранешната девојка
Се додека не постои причина за нивната врска да изгледа сомнително обидете се да бидете релаксирани во врска со тоа. Евентуално може да му предложите наместо на пијачка, да одат на ручек или кафе. Држете ги очите отворени за можни предупредувачки сигнали: Не ве запознал со неа, раскинале не многу одамна, чувствувате дека тој се уште се грижи за неа, и таа ја изразува својата лутина и љубомора кон вас. Сите овие знаци укажуваат на тоа дека се уште има можност за тие повторно да бидат заедно.
4. Неговиот другар прави “момачка” вечер во стриптиз клуб
Многу жени имаат проблем со стриптиз клубовите, па ако сте една од нив, бидете внимателни. Вие треба да бидете искрени со него, но внимавајте: не сакате да се почувствува како да му браните забава со пријателите. Избегнете конфронтација и на нежен начин кажете му дека не сте воодушевени од оваа идеја. Ве уверува дека ве сака и дека немате простор за грижи? Верувајте му и опуштете се. Доколку се налутил и се брани? Ова не е добро. Друга опција е да постигнете некаков компромис, на пример, да не прифати танц со девојките.
5. Одбива да ви каже со кого се допишува
Постојат три причини за тоа: 1) Нападни сте додека го прашувате за ова  и тој ви води инат. 2) Намерно се обидува да ви оди на нерви поради некоја причина. 3) Доволно е будала да праќа пораки пред ваши очи. Која и да е причината, јасно разговарајте со него и видете на што сте.
6. Излегува со неговите другарки
Ако ги знаете, и некогаш сте излегле со нив, не грижете се. Но, ако некоја од нив му купува подароци, често излегува сам со неа (на пример, секој четврток), или неговиот глас се разнежнува кога зборува за неа, тоа би можело да значи нешто друго.
7. За вашата најдобра пријателка вели дека е згодна
Оваа изјава не е страшна доколку е кажана во контекст на општ,неврзан разговор – на пример, ако веќе сте се зборувале на таа тема. Но, ако ова го спомне неколку пати, од никаде, тогаш е можно таа да му се допаѓа … ова е нормално се додека ништо не презема во врска со неа. Ако ова ве мачи, на шега, кажете му и вие дека ви се допаѓа неговиот најдобар пријател. Тоа ќе го замолчи.Ви нудиме 7 експертски совети за тоа како полесно да се справите со љубомората во врската…

Пронајдете не на следниве мрежи: