Која е девојката која после самоубиството, на Тик Ток ја заследија уште 1.000.000 луѓе ?

Индиската ѕвезда на Тик Ток, Сија Какар (16), на 24 јуни оваа година изврши самоубиство, а после нејзината смрт бројот на следбеници на таа друштвена платформа дупло повеќе пораснал.
Сија имала милион следбеници на друштвената платформа “Тик Ток” во моментот на нејзината смрт, а она што е многу чудно е тоа дека три дена подоцна, бројот на следбеници рипнал, па сега има 2,1 милион следбеници.
Овој феномен не се случува прв пат, веќе е познато дека многу уметници стануваат популарни ширум низ светот откако веќе нема да бидат меѓу живите, а изгледа дека тоа е случај и со Сија.
Телото на 16-годишната девојка е пронајдено во нејзината соба во Делхија, а според неофицијални информации, Сија се обесила.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.