Која е најздрава: морска, калиумова или хималајска сол?

Ако порано достапна ни беше само готварската сол, сега имаме голем избор. Природна морска, калиумова, хималајска сол… Пред да посегнете по соларникот прочитајте какви видови сол постојат за да може да ја изберете вистинската.

Која е најздрава: морска, калиумова или хималајска сол?

Хималајска сол
Хималајската сол се создала пред околу 250 милиони години во подножјето во најголемиот енергетски центар на Земјата – Хималаите, во периодот кога планетата Земја била совршен екосистем и се смета за најздрава и најчиста сол на планетата.

Оваа кристална сол се создала со сушење на праисториското море во кое настанал животот на планетата, прекриена со лава која перфектно ја сочувала нејзината структура.

Хималајската сол е органска, свежа, чиста, непроменета и незагадена исто како и пред 250 милини години. Се нарекува и „бело злато“. Се ископува и се меле рачно со цел да се зачуваат сите нејзини својства и вредности.

Хималајската сол има розова боја и е во форма на кристали. Помага за регулирање и за намалување на крвниот притисок и на нивото на шеќер во крвта. Има благотворно дејство на нервниот систем. Позитивните страни на хималајската сол се непроценливи.

Морска сол
Природната морска сол е здрава и има тераписки својства. Богата е со минерали и јод, кои се неопходни за човековото тело.

Морската сол е многу корисна за метаболизмот, срцето и за бубрезите, како и за листење на клетките на кожата. Морската сол благодарение на повеќе од 80 елементи во својот состав делува чудотворно на здравјето на кожата и косата.

Таа има алкален ефект кој помага во балансирањето на нивото на киселина во телото и на тој начин ги елиминира потенцијалните ризици за фаталните болести.

Може да го зајакне имунолошкиот систем, па телото станува поотпорно на разни автоимуни заболувања од типот на грип, алергија и слично. Капењето со морска сол (со додаток на некои етерични масла, камилица, јасмин или лаванда) помага при кожни болести, невродерматитис и реума.

Калиумова сол
Како природна состоја се наоѓа во многу видови зеленчук. Калиумовата сол се користи во комбинација со додаток на натриумова сол за усогласување на водниот баланс во телото на човекот.

Се препорачува да не се користи сама таа, бидејќи ваквата употреба може да доведе до состојби опасни по здравјето: губење вода и грчеви во мускулите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.