Луѓето ја бараат вистинската љубов, а кога ќе стапат во врска имаат чувство дека им се остварил сонот и дека ја пронашле вистинската сродна душа. Но, дали сè се одвива онака како што тие посакуваат?
Постепено, личноста што ја сакате излегува дека е некоја што е сосема поинаква од онаа што првично ја запознавте. Ова е време кога „вистинската љубов“ добива форма на „токсична љубов“. Затоа, пред да стапите во врска, треба да ја знаете разликата меѓу вистинската и токсичната љубов.
Љубовта кон себе наспроти важноста на врската
Во вистинската љубов развојот на себе е најважен. Двете страни го посакуваат најдоброто една за друга. Во токсичната љубов примарниот фокус е на самата врска каде двете страни се „опседнати“ со начинот на кој се поврзуваат една со друга.
Одделни интереси наспроти зависност
Во вистинската љубов двајцата партнери имаат слобода да им се посветат на сопствените интереси. Така, тие можат да имаат свои пријатели и надвор од нивните романтични врски. Можат да ги следат интересите и идеите без страв од укор. Во токсичната љубов двајцата партнери се целосно вклучени во животот на еден на друг. Едниот не може да оди никаде без другиот.
Слобода наспроти тенденција да го смените партнерот во друга личност
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.