Дали разликата во бојата е случајност или не? Дали влијае врз вкусот на јајцата?
Јајцата се еден од омилените производи бидејќи може да се приготват на повеќе различни начини, а нивните здравствени придобивки се големи.
Но сигурно сте забележале дека тие се разликуваат не само во големината, туку и во бојата. Па така, имаме кафеави јајца во сите нијанси, но и бели.
Која боја ќе биде јајцето зависи од видот на кокошката
„Гените на кокошките ја одбираат бојата на лушпата. Имено, пилињата со бело перје положуваат бели, а црвеникаво-кафеавите положуваат кафеави јајца“, објаснува генетичарка и професорка на њујоршкиот Универзитет Конрел.