Која е сопругата на Златан Ибрахимовиќ? Згодната русокоса признава дека има преголеми усни и прекратки нозе, подобро се чувствува во фармерки отколку во дизајнирани фустани, нема домашна помошничка и речиси никогаш не дава интервјуа

Сопругата на славниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ воопшто не личи на класичните сопруги на фудбалери кои секојдневно ги гледаме по социјалните мрежи. Хелена Сегер е 11 години постара од Златан. Таа е успешен претприемач и многумина сметаат дека е заслужна за сјајните инвестиции на Ибрахимовиќ, кои го направија еден од најбогатите спортисти на светот, пишува српски курир.
Хелена не сака да експонира по медиумите, не објавува провокативни фотографии од луксузни дестинации по социјалните мрежи, не се фали со скапоцена гардероба, чевли, чанти…, а на натпреварите оди за да навива, а не да биде во центарот на вниманието.

Кога го запознала Ибрахимовиќ веќе била реализирана, успешна жена. Имала своја кариера и одлично вработување.
– Кога го запознав Златан имаше 21 година, а јас 32, имав кариера и богатство, и не ми требаше фудбалер за да ме храни. Бев самостојна, а тој дури и не беше мој тим на маж. Кога првпат го видов со своето “Ферари“ го загради мојот “Мерцедес“, ги видов само неговиот голем нос и златниот часовник на раката. Бев лошо расположена и му се развикав. Мислам дека тоа му се допадна. Хелена и Златан се заедно 14 години и имаат два сина.
Оваа згодна русокоса не троши премногу време на својот изглед, признава дека има преголеми усни и прекратки нозе, подобро се чувствува во фармерки отколку во дизајнирани фустани, не сака да оди на шопинг, нема домашна помошничка, ужива во брзо возење со мотор и речиси никогаш не дава интервјуа.

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.