Холивудската актерка Деми Мур (62) каде и да се појави, воодушевува со својот природен изглед, убавина, фигура и насмевка. Никогаш не и’ било непознато да се разголува пред камерите, а зошто да се срами кога има извајано тело на кое можат да и’ позавидат многу помлади жени. Па која е тајната на оваа жена која се породила три пати, а од пред неколку месеци е баба?Што јаде Деми Мур секој ден?Деми Мур речиси никогаш не откриваше премногу за својот начин на живот, што јаде и како јаде, но неодамна почна да се занимава со тоа, пишува „Women’s health mag“. Тајната на нејзината витка линија е храната која не се готви, односно е сирова, или не е подготвена под 48 степени.Овој план на оброци може да биде здрав доколку некое лице „намерно сака да ги задоволи своите нутритивни потреби. Следбениците треба да се погрижат да ги добиваат дневните хранливи материи за да не им недостигаат калциум, витамин Д или протеини.– Точно е дека одредени хранливи материи сè повеќе достапни во сирова форма, но има и други кои се подостапни кога се варат, како што се варените домати и моркови – велат експертите.Освен што строго се придржува до здравата исхрана, Деми Мур избегнува и алкохол, а меѓу другото се откажа од тешките вежби, туку повеќе од некои лесни вежби кои и’ овозможуваат да остане во форма.
Пронајдете не на следниве мрежи: