Црната боја е веројатно единствената боја која досега не беше застапена помеѓу сладоледите. Затоа не е чуден податокот дека слаткарите долго ја криеле тајната состојка од која тој се прави.
Сигурно многупати сте се нашле пред излог полн со шарени овошни и чоколадни вкусови, чекајќи слаткарот да го наполни корнетот со вашиот омилен вкус. Веројатно многу пати сте биле неодлучни и сте се прашувале дали е вкусот толку убав како што е убава бојата, дали да пробам нешто ново или да си одберам проверена нијанса.
Но сигурно во таа палета од бои не сте имале можност да одбирате црн сладолед. Сега постои и тоа.
Црниот сладолед има мошне невообичаен состав – состојка која му ја дава бојата, но и феноменален вкус е всушност пепел од кокос. Тој се добива од лушпа на кокосовиот орев и велат дека има невообичаена, но многу пријатна арома.
Пепелта од кокос се добива со обработка на лушпа од кокосовиот орев на високи температури и така се добива оваа феноменална црна боја.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.