Која е 82-годишната жена која ќе патува со Џеф Безос во вселената?

Осумдесет и двегодишната Вали Фанк ќе лета во вселената со Blue Origin на 20 јули и ќе стане најстарата личност која патувала во вселената, соопшти компанијата.
Таа ќе биде четвртиот патник на првиот лет со екипаж организиран од компанијата за вселенски туризам на Џеф Безос, заедно со милијардерот, брат му Марк Безос и победникот на аукцијата чие име сè уште не е објавено.
Вали Фанк бил учесник во приватна програма позната како Mercury 13 во 60-тите години на минатиот век, во која група од 13 жени биле подложени на истите тестови како машките астронаути избрани според програмата Mercury на НАСА за испраќање на првите Американци во вселената.
„Ми рекоа дека ја завршив работата подобро и побрзо од кој било маж“, рече Фанк во видеото објавено на Instagram профилот на Џеф Безос во моментот кога беше објавена информацијата.
„Реков дека сакам да бидам астронаут. Но никој не ме сакаше. Не ни помислував дека еден ден ќе се качам горе“, рече таа.


„Никој нема чекано толку долго“, напиша Безос во својата објава. „Добредојдовте во тимот, Вали“.
Вали Фанк стана првиот инспектор на Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA). Како пилот, таа има 19.600 часа лет.
Ракетата New Shepard на Blue Origin треба да полета на 20 јули, a ќе ја помине Кармановата линија која со меѓународна конвенција го означува почетокот на вселената, на 100 километри над Земјата.
Избраните патници тогаш ќе можат да лебдат во бестежинска состојба неколку минути и да ја набљудуваат закривеноста на Земјата.
Тогаш капсулата ќе започне да се враќа на Земјата со слободен пад, а ќе се забавува со три огромни падобрани и ретро ракети, по што ќе се спушти во пустината во западен Тексас.
Прочитај повеќе

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.