Која земја прво ќе ја посети новиот претседател Пендаровски?

Првата посета што ќе ја оствари Стево Пендаровски, откако официјално ќе почне неговиот претседателски мандат ќе биде на соседно Косово, пишува “Фактор“.
Државната изборна комисија вчера му го предаде уверението на Пендаровски како нов шеф на државата, а денес ќе биде инаугурацијата и средбата со досегашниот претседател Ѓорге Иванов.
Пендаровски официјално започнува со работа од понеделник, а прво што најави е дека ќе ги потпише необјавените закони, ќе помогне да се воспостави стабила дипломатска мрежа и да се изнајде решение за СЈО.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.