Која храна го чисти организмот од никотин?

Сите знаеме за негативните ефекти предизвикани од цигарите и никотинот. Ако сте поранешен пушач или сте пушач кој сепак сака да си го подобри здравјето, некои намирници можат да ви помогнат побрзо да го исчистите телото од штетниот никотин.
МОРКОВИ


Никотинот ја уништува кожата, ја прави безживотна и сува, а доколку сакае да се ослободите од овие несакани ефекти од пушењето цигари, консумирајте што повеќе моркови. Тие содржат големи количини на витамини А, К, Ц и Б кои се главните средства за чистење на организмот.
СПАНАЌ


Фолната киселина е една од најважните елементи за нормално функционирање и развој на организмот, но исто така му помага да се ослободи од никотинот. Големи голичини на фолна киселина се наоѓаат во спанаќот, затоа нека почесто присутен на вашето дневно мени.
БРОКУЛА, КАРФИОЛ, ЗЕЛКА


Ова трио е многу здрав зеленчук. Покрај тоа што содржат полифеноли, за кои голем број истражувња покажале дека се корисни во намалувањето на различни воспаленија во дигестивниот систем, тие содржат и антиоксиданти кои го чистат телото од бројни токсини. Приготвувајте ги што е можно пократко за подобро да ги зачувате придобивките од овие врвни зеленчуци.
ПОВЕЌЕ ТЕЧНОСТИ
Доколку сте пушач, треба да знаете дека вашето тело ја губи потребната течност и телото дехидрира многу побрзо отколку кај луѓето кои не пушат цигари. Пиењето голема количина вода и зелениот чај кој е полн со антиоксиданси ќе помогнат во процесот на исфрлање на никотинот од вашето тело.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.