Која храна докажано го намалува нивото на холестерол?

Холестеролот е неопходен за одржување на правилното функционирање на клетките и органите во телото, а исто така игра важна улога во производството на хормони, витамини и дигестивни течности.

Од друга страна, високото ниво на холестерол може да резултира со одредени здравствени проблеми, предупредуваат лекарите.
Медицинската сестра Шерил Литго за The Sun откри неколку намирници за кои е докажано дека го намалуваат холестеролот доколку се консумираат редовно.

„Она што го јадеме може да влијае на нивото на холестерол во нашето тело. Повеќето луѓе ќе имаат корист од намалувањето на нивото на холестерол бидејќи ако не го направат тоа може да доведе до мозочен удар, срцев удар и стеснување на артериите. Јадењето одредена храна може да го намали холестеролот“, објаснува Литго.
Намирници што се препорачуваат се модар патлиџан, овесна каша, соја, јаткасти плодови и семки. Како што нагласува Литго , нутритивните вредности содржани во оваа храна докажано го намалуваат нивото на лошиот холестерол во организмот и со тоа придонесуваат за подобро целокупно здравје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.