Која храна е најштетна за цревата?

Медитеранската исхрана влијае позитивно на цревата. Нивното здравје директно зависи од храната што ја внесуваме, па затоа и треба да се размислува за начинот на исхрана, советува германскиот лекар Томас Фрилинг.
Докторот советува дека нерафинираниот бел шеќер треба целосно да се исклучи од менито, бидејќи одредени бактерии, меѓу кои и клетки на рак, се размножуваат поради слатката храна. Следни што треба да бидат исклучени се соленото и чаденото месо и колбасите.
– Овие намирници содржат канцерогени материи, па затоа советувам да не консумирате повеќе од 500 грама црвено месо неделно, нагласи Фрилинг.
Листата на здрава храна која го продолжува животот на цревата е долга: на прво место се гравот и зеленчукот кои содржат растителни влакна и повеќе хранливи состојки. По нив следат бананите кои се богати со инулин, па рибата, овошјето, компирот и црниот леб.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.