Кој би рекол дека има 50 години! Во бикини, без грам шминка – актерката заблескала на плажа

Мини Драјвер со својот вереник Адисон О’Деас била на Малибу, а парот очигледно прекрасно се забавувал судејќи по насмевката која што актерката постојано ја имала на лицето.
Актерката Мини Драјвер наполнила 50 години оваа година, а сите ѝ се восхитувале на нејзината фигура кога своето тело го покажала оваа седмица на Малибу.


Драјвер носела бикини во ”vintage” стил, па очигледно навистина уживала во морските радости.
Ѕвездата на холивудските филмови на лицето немала ниту грам шминка, па заблескала во својот природен сјај.


50-годишната актерка од минатата година е во врска со телевизискиот директор Адисон.
Парот својата врска ја потврдил на социјалните мрежи, поточно кога Адисон објавил фотографија од нивната романтична вечера.
Иако претходно не споделувале заеднични фотографии, тоа било првпат јавно да признаат дека се заедно.
Инаку, Мини од врската со Тимотеј има 11-годишен син Хенри, а во текот на својата кариера ја поврзувале со многубројни познати ѕвезди од Холивуд.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.