Кој ги тргна инспекторите од „игра“ во 2008 година?!

Сопствениците на дискотеки, кабареа и хотели во последните 17 години со изјава преку нотар под морална и кривична одговорност потврдувале дека нивните објекти ги исполнуваат минималните технички услови за развој на дејноста. Законските измени во 2008 година ја отстранија одговорноста на Пазарниот инспекторат да излезе на терен за да ги провери состојбите во ноќните клубови, дискотеките и кабареата. Тоа го злоупотребиле, вели актуелниот министер Бесар Дурмиши, кој иницираше измени на законот за дејноста на овие категории.
„Во овој член, каде треба да се аплицира за исполнување на минималните технички услови, законот беше изменет во 2008 година за да се создаде посоодветна деловна клима и да им се овозможи на страните што побрзо да стигнат до соодветната документација, но како што може да се види, тој е злоупотребен. Пазарниот инспекторат пред 2008 година, кога стапи на сила овој закон, требаше да излезе на терен да изврши проверка и да донесе решение, кое го доставува до Министерството за економија и врз основа на тоа решение Министерството ја издава лиценцата“, вели Бесар Дурмиши.
Целата статија тука
The post Кој ги тргна инспекторите од „игра“ во 2008 година?! appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: