Кој го потпалува Скопје? Дали пожарите имаат политички ракопис?

Градот Скопје и градоначалничката Данела Арсовска се под постојана пресија и агресија. Во изминатите месеци и повеќе од јасно е дека се што се случува не е случајно и дека проблеминте не се креираат сами. Туку, дека зад нив има сериозна групација која мисли и делува во правец како да ја освои оваа, се до сега, недостапна територија за нив.

По пат, додека трае оваа фронтална битка, во која не се бираат средства, заложници и жртви се граѓаните на Скопје, но и сите што се затекнуваат поради било каква причина во главниот град.

Мнозинството во Советот на град Скопје, водено од Трајко Славевски упорно и постојано ги одбива сите предлози за Јавниот сообраќај, за набавка на автобуси, но и за сите други јавни претпријатија, надевајќи се дека со тоа ќе постигнат ефект да негативниот сентимент биде насочен кон градоначалничката Данела Арсовска.

Притоа забораваат дека истата беше поддржана со целата машинерија која што сега безмилосно ја напаѓа. Истите ликови кои што денеска излегуваат на прес конференции против неа, трчаа да се сликаат селфи со неа како кандидат и ги делеа нејзините материјали низ Скопје.

По освојувањето на извршната власт се чини дека апетитите пораснаа. Сега сакаат да ја заземат и оваа последна оаза која не им е под котрола.

Денеска сме известени дека се потпалени пожари, намерно на повеќе локации во Скопје.

Во денешната смена, во периодот од 12:00 до 14:30 часот, беа фатени неколку сторители на прекршоци спротивно на Законот за управување со отпад, член 37 и 38 – палење и согорување на секаков вид отпад на приватен имот. Согласно законот, на прекршителите им следуваат соодветни казнени мерки.

Ова е само продолжување на деструкцијата која што мора да престане. Централната власт која е под целосна контрола на Мицковски мора да се вразуми или ќе претрпи сериозно намалување на гласовите кои ќе ги добие во Скопје на локалните избори наредната година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.