Кој европски град го има најдобриот јавен превоз во целиот свет?

Никој не е љубител на градскиот превоз, но кога патуваме во друга земја, очекуваме сè да функционира како што треба, а се чини дека тоа навистина е така во овој европски град.

Порталот Time Out спровел анкета меѓу своите читатели за да открие кои градови имаат најдобар јавен превоз и врз основа на тие гласови и коментари ја креирал оваа топ листа од 19 градови.
На прво место се наоѓа Берлин поради неговиот сигурен, безбеден и удобен јавен превоз. Дури 97% од жителите на градот дале позитивни критики за метро системот U-Bahn со 9 линии и 175 станици, како и S-Bahn, метрото кое ги поврзува предградијата со центарот.
Второто место го зазеде Прага, а дури 96% од жителите на овој град се изјасниле позитивно за неговиот градски превоз.
Токио е на третото место, а сигурно знаете дека нивното метро сообраќа точно до секунда и носи огромен број луѓе секој ден, па е сосема нормално што жителите позитивно се изјасниле за него. Ова важи и за туристите.

Целата листа изгледа вака:

1.Берлин
2.Прага
3.Токио
4.Копенхаген
5.Стокхолм
6.Сингапур
7.Хонгконг
8.Тајпеј
9.Шангај
10.Амстердам
11.Лондон
12.Мадрид
13.Единбург
14.Париз
15.Њујорк
16.Монтреал
17.Чикаго
18.Пекинг
19.Мумбај

Откако прочитавте за најдобриот градски превоз во целиот свет, можеби ќе сакате да прочитате и за тоа како една богата европска земја воведува бесплатен јавен превоз.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.