Кој е Александар Трајковски: Вчера го предводеше протестот за Груевски, во 2013 кршеше прозори во општина Центар

Порталот Фокус објави сторија за Александар Трајковски. Кој е човекот кој вчера го предводеше „протестот за правда“ за Никола Груевски, и беше главен говорник? Тој се претстави како Александар Трајковски и порача дека на протестот тие се собрале самоиницијативно како членови на ВМРО-ДПМНЕ за да му дадат поддршка на Груевски и да му порачаат дека неговата борба е и нивна борба. Но, во 2013 година тој тврдеше дека не го интерсираат партии и дека ја брани изградбата на црквата на плоштадот. Трајковски беше во првите редови во насилството кое се случи во бараките на општина Центар во 2013 година. Тропаше по прозорите, кршеше и ги кинеше завесите. На следното видео од порталот НОВА ТВ тој вели дека таму се дојдени само како христијани.

Трајковски сега е обвинет во предметот „Насилство во Центар“ кој го застапува СЈО. Летово повторно доби медиумско внимание откако рочиште за овој случај беше одложено поради негово отсуство, односно бидејќи заминал на службено патување во странство како вработен во општина Гази Баба.
Извор: Кој е Александар Трајковски, ФОКУС.МК

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.