Објава на „Кој е следен?“:
Семејствата на настраданите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во вторник (29.04) ќе организираат ,,Марш за ангелите“ во Скопје со почеток во 12 часот и 05 минути како симбол на задоцнетата реакција. Маршот ќе започне пред Основното јавно обвинителство.
Ги повикуваме сите граѓани да го поддржат овој повик на нашите сограѓани и да застанат рамо до рамо со родителите на жртвите.
Солидарноста е нашиот пат до правдата. Не смееме да ги заборавиме жртвите, не смееме да ги оставиме сами нивните семејства.
Во оваа борба не се сами
Ова е борба на сите нас!
