Кој е ХАМАС, и дали ги претставува Палестиниците?!

Во Израел се случуваат борбени дејствија помеѓу терористичката организација Хамас и израелската војска по серијата ракетни напади од страна на Хамас врз израелски населби и градови во близина на територијата населена со Палестинци.
Во македопнската јавност преседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски прв ги осуди воените акции на Хамас по што, од некои новокомпонирани политичари, доби критики дека осудува претсавници на палестинскиот народ кој се бори за ослободување на територија од Израел. По Мицкоски, набргу, и македонскиот премиер Зоран Заев даде изјава со осуда на терористичките акции на Хамас.
Дали Хамас е претставник на Палестинците, особено на тие во Израел? И дали е Хамас за Палестинците тоа што историски ВМРО било за Македонците, како што импутираат Левица и нивниот Димитар Апасиев кој застана јавно во одбрана на Хамас.
Фактите велат – не. Она што за Македонците е ВМРО за Палестинците е ПЛО, Палестинската ослободителна организација, и и нивната организација Фатах, предводена од историската легенда, добитникот на Нобеловата награда за мир Јасер Арафат (1929-2004), а тие од политичката сцена се потиснати токму – од Хамас, со отворени меѓусебни судири, па и престрелки во 2006 година.
Хамас (“Исламско движење на отпорот”) е палестинска исламистичка политичка партија, која се дефакто управува со Газа. Од јуни 2007 година Хамас е на власт во Газа на палестинските територии, откако го освои мнозинството во палестинскиот парламент во палестинските јануарски парламентарните избори во 2006 година, а потоа ја победи политичка организација Фатах во серија на насилни судири.
Хамас е основана во 1987 година како огранок на египетското Муслиманско братство. Соосновачот Шеик Ахмед Јасин изјавил во 1987 година дека Хамас е основана за да ја ослободи Палестина од израелската окупација и да се воспостави исламска држава во област која е сега Израел, Западниот Брег и Газа.
Во јули 2009 година, Халед Машаал истакнал дека организацијата е подготвена да соработува со “резолуција на арапско-израелскиот конфликт во која била вклучена палестинската држава врз основа на границите од 1967 година”, под услов палестинските бегалци да се вратат во Израел, а источен Ерусалим да биде главен град на новата нација
Европската унија, Соединетите Американски Држави, Канада, Израел и Јапонија ја дефинираат Хамас како терористичка организација, додека земјите како Русија, Турција и Швајцарија ја третираат како политичка и воена организација.
Во јануари 2006 година на палестинските парламентарни избори Хамас освои мнозинство во палестинските парламент, победувајќи на партија Фатах, политички огранок на Палестинската ослободителна организација. По изборите, САД и ЕУ ја прекинале финансиската помош за администрација предводена од Хамас.


Во март 2007 година била формирана владата на национално единство, предводена од Исмаил Ханија од Хамас, но оваа влада не успеала да ја возбнови меѓународната финансиска помош. Во 2007 година ПЛО и Хамас ја започнале Битката на Газа, по која Хамас ја задржа контролата врз Газа, додека нејзините официјални лица беа соборени од позициите на владата во Западниот Брег.
По војната од 2008-ма, Хамас продолжи да управува со појасот Газа и Израел ја продолжил својата економска блокада. На 4 мај 2011, Хамас и Фатах најавиле помирувачки договор со кој се обезбедувало “создавање на заедничка привремена палестинска влада” пред националните избори закажани за 2012 година. Според израелски информации, како дел од тој договор, најавено е дека отпорот на Хамас ќе биде мирен, а не воен.
Нападите на Хамас од 2001 па наваму врз израелски цивили се осудени како воени злосторства и злосторства против човештвото од страна на организациите за човекови права како што е Хјуман рајтс воч.
По 2009 година, санкциите кон Иран, финансиер на Хамс, го отежнија финансирањето принудувајќи го Хамас да се потпре на верски донации од поединци на Западниот брег, Катар и Саудиска Арабија.
Средствата во висина од десетици милиони долари собрани во земјите од Персискиот залив беа префрлени преку граничниот премин Рафа. Тие не беа доволни за да се покријат трошоците за управување со Појасот Газа и водењето на бригадите ал Касам, а кога се појавија тензии со Иран околу поддршката на претседателот Асад во Сирија, Иран ја отфрли финансиската помош за палестинската влада, ограничувајќи го своето финансирање на военото крило на Хамас , што значеше загуба од 150 милиони долари во 2012 година на 60 милиони долари следната година. Следниот пад на финансиски прилив од Иран се случил во 2015 година кога Хамас го критикуваше Иран за неговата улога во граѓанската војна во Јемен.
Во 2017 година, владата на ПС воведе свои санкции против Газа, вклучувајќи, меѓу другото, и отсекување на платите на илјадници вработени во ПС, како и финансиска помош на стотици семејства во Појасот Газа. ПС првично рече дека ќе престане да плаќа за електрична енергија и гориво што Израел ги испорачува на Појасот Газа, но по една година делумно повлечена.
Израелската влада дозволи милиони долари од Катар редовно да се пренасочуваат преку Израел до Хамас, за да се заменат милиони долари што ПС престана да ги пренесува во Хамас Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објасни дека пуштањето на парите преку Израел значи дека не може да се користат за тероризам, велејќи: „Сега, кога надгледуваме, знаеме дека оди во хуманитарни цели“.
Истражувањето од 2017 година на Палестинскиот центар за истражување на јавното мислење на палестинските територии откри дека насилните методи на Хамас се непопуларни меѓу Палестинците, и дека повеќето Палестинци би сакале Хамас „да прифати трајно решение меѓу двете земји засновано на границите од 1967 година“.
Но, Хамас има свои цели. Иако повеќе пати објавија дека нема да применуваат воени напади врз Израел, особено не врз цивилни цели, Хамас деновиве повторно врши напади и предизвика жртви меѓу Израелците а уште повеќе меѓу Плаестиците за што се осудени од држави во ЕУ, САД, Британија и десетина други. Вкупно 25 држави, јавноно, досега дале поддшка на Израел.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.