Кој и зошто ја вади бурмата почесто- жените или мажите?

Една петтина венчани двојки на возраст до 40 години во Велика Британија ги симнуваат прстените пред да излезат или по некоја расправија. Прстенот, по некоја расправија најчесто го симнуваат жените, а пред излегување и дружење, мажите.
Ова го покажа истражување спроведено над 2000 венчани двојки, пишува Дејли Меил. Како причина да го симнат прстенот пред да излезат навеле дека така добиваат поголемо внимание од спротивниот пол или дека прстенот им пречи или го симнале по расправија за да покажат кој е главен.


Едно од осум лица сметаат дека со прстенот ќе ги сметаат за здодевни, додека една третина испитаници веруваат дека венчалниот прстен ја намалува можноста да добијат работа.
Носењето на венчалниот престен денес е попопуларно за разлика од пред неколку генерации, а повеќе од една третина двојки на возраст до 40 години рекле дека се сигурни дека партнерот нема да ги измами ако го носи венчалниот престен, бидејќи тој треба да потсети дека се обврзани.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.