Кој лаже Британија или Русија

Не застанува интересот за аферата за Скрипал .
Рускиот претседател, Владимир Путин изјави дека Русија идентификувала двајца мажи, осомничени дека го отруле поранешниот руски двоен агент, Сергеј Скрипал и неговата ќерка.
Случајот со труењето ги заостри односите на Русија со Велика Британија, а потоа и со останатите членки на НАТО кои ја поддржаа Британија и ја осудија Русија, која што официјален Лондон ја наоѓа одговорна за нападот.
Билансот на дипломатската војна е повлекување на амбасадори од Русија, но и контра мерки од Москва.Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија беа пронајдени без свест на клупа во англискиот град Солзбери, а анализите од истрагата утврдија дека поранешниот руски агент и неговата ќерка биле отруени со нервен агенс новичок, кој, како што е наведено во извештајот, бил произведен во Русија.
Официјална Москва ги негираше обвинувањата и понуди помош во истрагата

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.