Како што се сомневавме Мицковски вечерва мкнеше луѓе од цела Македонија да се самопромовира, 6 месеци по сомнителниот Конгрес во Валандово. Па најверните, кои одат секаде кога ќе ги повика партијата (иако вечерва во драстично помал број) можеа да слушнат повторно за истите тези, празни тези дека луѓето околу него претставувале трета генерација на политичари…
Мицкоски рече:- Ова е времето на третата генерација која учеше од првата и растеше со втората генерација, која стои исправено пред предизивиците. Ајде да покажеме која ни е силата, колку ја сакаме Македонија. Сите заедно да одговориме на предизвиците и да кажеме јасно и гласно дека чашата е прелиена, доста е. Вака не може, вака не смее. Според него, подарена власт не може да трае долго. Тој ја искористи приликата да побара формирање на техничка влада 100 дена пред изборите, но и предвремени парламентарни избори кои ќе се одржат заедно со претседателските. За името, лидерот на опозицијата вели дека премиерот си одлучувал во име на граѓаните како да е нешто што го поседува, иако тоа е на сите граѓани. Мицкоски нагласува дека верува во надежта и верува во својот народ. – Ако ме прашате дали ќе победиме, гордо и со исправена глава ви велам да, Македонија ќе победи – рече Мицкоски.
Во оваа пригода да прашаме дали смета дека Коце е трета генерација? Или можеби Рангелова? Можеби мисли дека „Глумец“ е трета генерација, но истиот „кодошел“ по тајните служби против ВМРО уште пред 20 години. Можно ли е ова да не го знае Мицкоски? Или не му чини да знае?
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.