Кој му се заканувал со ликвидација на премиерот?

Гледаме дека има списоци, мора да се реагира. Лани се носеа гилотини пред Собрание. За мене имате човек којшто со пушка во рака на социјални медиуми се заканува дека ќе ме убие. Сега чекам да видам што се случило со човекот. Тој има име и презиме и е од тука од земјава, но сѐ уште немам никаква информација. Кога тоа ќе помине неказнето, друг ќе види и ќе си каже: еве ова поминува неказнето, рече премиерот Димитар Ковачевски во емисијата „Студио 10“, во однос на заканите кои политичарите ги добиваат како јавно, така и на социјални мрежи.

Евакуиран аеродромот во Сараево: Патник добил порака за поставена бомба
Меѓународниот аеродром во Сараево, поради анонимна дојава за подметнати експлозивни направи, „ги презеде сите неопходни мерки за да се осигура безбедноста на сите присутни на аеродромот“, соопштија од аеродромот. Како што е наведено, преку е-маил …
Апасиев: Да видиме кои се граѓани од „втор ред“ во Македонија
Во објава на Фејсбук пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, објаснува кој е граѓанин од втор ред. Во продолжение неговата објава на Фејсбук: – ГРАЃАНИ ОД ВТОР РЕД Неретко ја слушаме оваа флоскула од …

Според претседателот на Владата, премногу зборуваме за надлежностите за другите.

– Постојат закони. Јас имам информација дека тој и тој со пушка на социјални мрежи се заканува на претседател на Влада. Да видиме до каде е случајот – кажа Ковачевски.

Ковачевски додаде дека закани има до жени пратенички, но и до лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Јас ова го зборував на лидерската средба во Собрание, а на истото се жали и лидерот на опозицијата – рече Ковачевски

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.