Кој му фрли бомба на Марио?

Прво го искористија во ВМРО, метеорски го вивнаа па го изгореа. Беше и кандидат за пратеник и делегат на Валандовскиот Конгес. А сега на Марио некој му фрлил и бомба… Утрово околу 3.30 часот по полноќ во полициската станица во Куманово поранешен член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ пријавил дека слушнал детонација на терасата од семејната куќа. 26-годишниот Марио Цветковски ја известил полицијата, која стигнала на лице место и утврдила дека станува збор за фрлена бомба-кашикара чии фрагменти се најдени во дворот на куќата. Од експлозијата било скршено прозорското стакло, а била оштетена ролетната и ѕидот. Повредени лица нема, соопшти полицијата. Марио Цветковски краток период беше член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а по доаѓањето на Мицкоски на чело на партијата беше сменет. Полициски извори инволвирани во истрагата тврдат дека зад нападот нема политичка заднина. „Истрагата тече, има определени траги и сознанија за можните сторители. Се надеваме дека истрагата брзо ќе даде резултати. Во дворот каде е фрлена бомбата живеат две семејства и се истражува и кој бил цел на нападот, а засега не може да се потврди дали цел е пријавителот, ни соопштија извори од истрагата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.