Кој оброк да го избегнувате ако сакате да ослабнете

Ако сте еден од оние кои сакаат да изгубат тежина, појадокот дефинитивно не треба да биде најважниот оброк во денот, се наведува во статијата објавена од нутриционисти во магазинот „Медикал дејли“.
Во текот на денот потребно е да имате што е можно помало ниво на инсулин, без нагло растење на лачењето..
Глукагонот, кој делува спротивно на инсулинот, треба да биде максимален. Исто така, хормонот за раст, кој кога вежбаме му се испраќа на организмот дека треба да лачи, исто така, треба да биде оптимален.


Дали тоа значи дека треба да го прескокнете појадокот? Тоа зависи која е вашата цел.
Ако сте спортист или планирате повеќе да вежбате наутро, мора да јадете појадок, во која имапротеини, органски житарки и овошје.
Ако вашата цел е губење на тежината, треба да го започнете денот со вода, чај или кафе за да се спречи поголемо лачење на инсулин, ако знаеме дека губењето на мастите е хормонална работа. Ако планирате да изгубите тежина, јадете протеински појадок и овошје со низок гликемиски индекс: јаболка, круши или сливи.
Протеините го забавуваат варењето на шеќерот, што ќе помогне нивото на инсулин да биде стабилно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.