Кој пратеник плачел по гласањето за промена на името?!

Според она што денеска се шири со брзина на светлоста низ интернетот во Македонија наводно Крсто Муковски од Вевчани плачел со липтање низ Собраниските ходници. Наводно ова го видел Антонијо Милошоски и тоа го пренесе денеска во статус на својот профил.
Крсто наводно бил мета на уцена поради тоа што е гонет за тероризам поврзан со 27 априлските настани од минатата година… Како и да е, наскоро ќе се дознае дали Крсто е спремен да ни го промени на сите нас нашето вековно име. 
Од иницијативата МАКЕДОНИЈА БЛОКИРА, која е коалиција на над 80 организации од Македонија и од дијаспората најавија дека во среда ќе го посетат неговиот дом во Вевчани и ќе му врачат писмо со кое се бара тој да не учествува во промената на името.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.