Продажбата на нови автомобили ширум светот значително опадна како последица на пандемијата која ги забави стопанствата ширум светот, а Европа не е исклучок.
Сепак, проджбата не замре целосно, а продолжи и трендот на впечатлива побарувачка на електрични модели.
Во европа, еден француски бренд е сопственик на најбараниот електричен модел во 2020 година. Renault зазеде првото место на европскиот пазар на електрични автомобили, со вкупно продадени 95.985 возила до крајот на ноември 2020 година.
Моделот Renault Zoe е сè уште најпродаваниот електричен патнички автомобил во Европа. Оваа година беа испорачани повеќе од 84.000 примероци, скоро двојно повеќе од претходната година.
Zoe е најпродаваниот електричен автомобил во Франција, Германија, Италија, Шпанија и Португалија. Од нејзиното претставување досега во Европа се продадени повеќе од 268.000 примероци.
Renault има уште еден продажен адут кога станува збор за електрични возила. Kangoo Z.E. е најпродавано електрично лесно комерцијално возило од неговото претставување во 2010 година. До крајот на ноември годинава беа регистрирани продадени 8.498 возила. Од презентацијата, во Европа се испорачани повеќе од 57.595 модели Kangoo Z.E.
Неодамна, Renault им понуди на клиентите уште еден електричен патнички автомобил – Twingo Electric. Овој модел дебитираше на крајот на февруари годинава, а досега се продадени вкупно 1.760 автомобили.