Кој се вработува во Клиничката болница во Тетово?

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари тврди дека во болницата во Тетово се вработуваат специјализанти според привилегии, а не според знаењето и стручноста.
При приемот на лекари во Клиничката болница во Тетово не се земени во предвид ниту ранг листата од освоените бодови од стручниот испит, ниту претходното работно искуство, дополнуваат од Асоцијацијата.
Дел од вработените се поврзуваат со функционери на ДУИ и Беса, а еден од кандидатите дури воопшто и го немало на ранг листата. Директорот на Клиничката болница Тетово, Флорин Бесими досега не се огласил во јавноста.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.