Ракометарите на Металург, во вторник, ќе го добијат противникот во четвртфиналето во Лигата на шампиони.Двојките за четвртфиналната фаза ќе бидат извлечени во седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ) во Виена, а македонскиот шампион на извлекувањето ќе биде во вториот ’шешир’, што значи дека ќе биде домаќин на првиот натпревар.Покрај Металург во вториот ’шешир’ ќе бидат екипите на Фленсбург, Кил и Атлетико Мадрид.Носители во оваа фаза се Барселона, Киелце, Веспрем и Хамбург.Првите четвртфинални мечеви ќе се одиграат во периодот од 17. до 21. април, додека реваншите ќе бидат на програмата од 24. до 28.април.Победниците во четвртфиналните дуели ќе изборат пласман на завршниот турнир, кој на 1. и 2.јуни ќе се одржува во Келн.
Макфакс Ракометарите на Металург, во вторник, ќе го добијат противникот во четвртфиналето во Лигата на шампиони.