Кој ќе работи незаконски во недела, под казна нема да работи 15 дена: Шахпаска за санкциите за работодавачите

Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ, од друга страна, ги оцени како популистички измените во Законот за работни односи, со што, како што вели, власта сака да ги избегне посериозните теми кои во овој момент се од круцијална важност
Во новото законско решение ќе има мерка за затварање на субјектот кој работи во недела, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во гостување на Телма.
Таа вели дека во нацрт верзијата на измените на Законот за работни односи, во членот 134, точно се регулира недела како ден за одмор, а таму се предвидуваат и мерките и прекршочните санкции, согласно со Законот за прекршоци.
„Кога на една компанија ќе и забраните да работи 15 дена и кога дополнително имате и прекршочни санкции претворени во парична казна, мислам дека на некој начин ќе биде опомена за следен пат да не се впуштаат во такво кршење на законот и во непочитување на работничките права. И во колективниот договор и во досегашниот закон, во членот 106 се предвидени надоместоците на плата за работа во дежурства, ноќна работа, прекувремена работа, клучително и ден на работа во неделен одмор“
рече таа.


Министерката за труд и социјална политика го истакна значењето на социјалниот дијалог при креирањето на ова законско решение. На седниците на Економско-социјалниот совет, како што рече, може да се слушне мислењето и на работниците и на работодавачите, со цел изнаоѓање на најдоброто решение за сите засегнати страни.
Економско-социјалниот совет расправаше за „недела неработен ден“: Се планираат ригорозни казни за работење во недела
Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска, пак, во дебатата на Телма, ги оцени како популистички измените во Законот за работни односи, со кои се предвидува недела да биде неработен ден.
Според Ласовска, ова законско решение нема да опфати над 30 стопански гранки, иако, како што рече, законот е во ред и голем дел од работниците во земјава заслужуваат еден неработен ден во неделата.
„Тоа е еден популистички закон со кој власта сака да ги избегне посериозните теми кои во овој момент се од круцијална важност. Во моменти на пандемија во која Македонија забележа поразителни бројки на заболени и починати, во моменти кога во Македонија има над 50 000 невработени, како резултат на пандемијата, власта турка закон за недела да биде неработен ден“, .
додаде Ласовска
Според неа, ова законско решение нема да опфати над 30 стопански гранки, односно тие нема да видат никаков бенефит од законот, иако, како што рече, за волја на вистината, законот е во ред и голем дел од работниците во земјава заслужуваат еден неработен ден во седмицата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.