Општинското возило „Ауди А6“ што го купи ексградоначалникот Рамиз Мерко за 67 илјади евра, ќе се продава на аукција за само 10 илјади евра, откако таква одлука донесе Советот на општина Струга. За возилото е пресметувана амортизација од 15 отсто за секоја година, така што неговата моментална
Согласно важечките прописи, за возилото е пресметувана годишна амортизација од 15 отсто, при што неговата моментална проценета вредност изнесува само 10.000 евра. Автомобилот бил поправан двапати, во март 2024 и во јануари 2025 година и за овие две поправки потрошени се 4 илјади евра.
– Почетната цена на продажбата ќе биде еднаква на проценетата вредност, утврдена од овластен проценител. Крајната продажна цена ќе се утврди преку самата постапка на јавно електронско наддавање – велат од Општина Струга.
Поранешниот градоначалник на Струга Рамиз Мерко беше ослободен од вина, за набавката на ова возило бидејќи не беше докажано дека сторил кривично дело ниту дека имал намера да ја злоупотреби службената положба.
Извор: Слободен Печат



