Крадец фатен на дело, драма во кафуле во Аеродром

Крадец бил фатен на дело во кафуле во скопската населба Аеродром.
Како што дознава КУРИР, утрово во 10:30 часот во кафуле, младо момче на околу 30 годишна возраст влегло во објектот. Изгледал сомнително, па ги примамил погледите на дел од гостите.
Крадецот украл мобилни телефони на вработените, кои не ја забележале кражбата бидејќи во тој момент служеле.
Еден од гостите ја забележал кражбата и веднаш станал од столот и се упатил кон крадецот.
Храбриот гостин е скопски таксист, кој во изјава за КУРИР ја раскажува драмата.


-Забележав дека, мислејќи дека никој не го гледа, зема два мобилни телефони. Веднаш станав кон него и му го попречив патот за да не го напушти локалот. Му реков да ги врати телефоните веднаш. Прво не сакаше да го направи тоа, но јас инсистирав. Се врати на местото од каде што ги зема телефоните и јас се вратив на својата маса. Ова го забележаа присутните, па еден од нив тргна кон него сакајќи физички да се пресмета со крадецот, кој веднаш потоа избега, раскажува соговорникот на КУРИР.
Кафулето се наоѓа во близина на „Мајчин дом“.
Почитувани читатели, бидете внимателни, крадците се насекаде.

Извор: Курир

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.